Моделот на автомобил кој ќе се произведува веќе го помина тестирањето во септември.
Во неделата започна изградбата на првата фабрика за летечки автомобили во Гуангжу, главниот град на провинцијата Гуангдонг во јужна Кина, објавија денеска кинеските медиуми.
Компанијата XPENG AEROHT и нејзиниот оддел за производство на летечки автомобили XPENG ќе бидат првите во светот што ќе започнат масовно производство на летечки автомобили, јавува Кинеското меѓународно радио.
Според податоците на оваа компанија, првиот објект на фабриката со капацитет од 10.000 единици годишно ќе биде лоциран на површина од 18 хектари и наменет за производство на воздушен модул за летечки автомобил наречен Ground Aircraft.
„До крајот на годината компанијата треба да започне со претпродажба на летечкиот автомобил „копнен носач на авиони“, кој го заврши своето тестирање и пробниот лет со екипаж во септември“, изјави Жао Дели, основач на XPENG AEROHT.
Извор: vecer.press