Продажбата на автомобили во Европа падна за 4,2 отсто во септември 2024 година.
Ова е продолжување на трендот што трае веќе неколку месеци, а најмногу може да се припише на падот на интересот на клиентите за електрични автомобили.
Но, и покрај ова, еден електричен автомобил беше најпродаван во Европа во септември оваа година.
Според податоците собрани од JATO Dynamics, и покрај падот во целата индустрија, Tesla Model Y бил само 1 отсто под минатогодишните бројки, што било доволно за првото место, пишува Auto start.
Во септември се регистрирани вкупно 28.876 Tesla Model Y со намалување од 1 отсто во однос на истиот месец лани.
Очекувано, второто место го зазема Renault Clio, кој со благ пораст на регистрациите од 3 отсто на 20.708 автомобили, успеа да го престигне Dacia Sandero, кој имаше вкупно 18.960 регистрирани автомобили (-2%).
Најпродаваните автомобили во Европа во септември 2024 година:
- Tesla Model Y 28.876 -1%
- Renault Clio 20.708 +3%
- Dacia Sandero 18.960 -2%
- Volkswagen Tiguan 17.670 +30%
- Kia Sportage 16.697 +15%
- Peugeot 208 16.350 -26%
- Volkswagen Golf 15.776 -19%
- Toyota Yaris Cross 15.714 +15%
- Volkswagen Polo 15.299 +12%
- Ford Puma 15.141 -16%
- Tesla Model 3 14.965 +314%
- Toyota Yaris 14.468 +15%
- Opel Corsa 14.355 -15%
- Škoda Octavia 13.895 0%
- Hyundai Tucson 13.798 +2%
- Peugeot 2008 13.203 -8%
- Dacia Duster 12.977 +20%
- Volkswagen T-Roc 12.794 -24%
- Renault Captur 12.686 +5%
- Toyota C-HR 12.071 +28%
- BMW X1 11.806 +64%
- Nissan Qashqai 11.444 -30%
- Ford Kuga 10.653 -15%
- Mini Cooper 10.386 -5%
- Nissan Juke 9.628 +12%.
Извор: kajgana.com