Венеција, 3 јануари 2019 (МИА) – Локалните власти во Венеција ќе наплаќаат од 2,5 до 10 евра за влез во историскиот центар на градот, со што ќе се ограничи бројот на туристи кои честопати го пренатрупуваат градот.
Мерките изгласани викендов предвидуваат надлежните во Венеција да наплаќаат такса за престој. Нејзината висина ќе зависи од сезоната и ќе важи за сите посетители, било да сакаат да преноќат или само да поминат низ градот.
Таксата веќе важи за Лампедуза и уште неколку италијански острови. Тоа би можело на Венеција да ѝ донесе приход од над 50 милиони евра годишно, бидејќи градот секоја година го посетуваат околу 25 милиони туристи.
извор: kajgana.com