На светските пазари минатата недела цените на нафтата паднаа, губејќи ја добивката од претходната недела, бидејќи производството на „црното злато“ во САД достигна рекордни нивоа, а растот на најголемите светски економии не беше баш импресивен.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,6 отсто, на 73,10 барели, додека барелот на американскиот пазар падна за 3,1 отсто, на 69,49 долари.
Откако се зголемија за повеќе од 3,5 отсто пред една недела, цените изгубија најголем дел од тие добивки минатата недела. Падот на цените, меѓу другото, се должи и на рекордното производство на нафта во САД.
Американската нафтена компанија Ексон Мобил минатата недела соопшти дека нејзиното производство ширум светот го достигнало највисокото ниво во историјата, додека Шеврон објави дека неговото производство во САД достигнало рекордно ниво.
Американската агенција за енергетски информации (EIA) објави дека производството во САД достигна рекордни 13,4 милиони барели дневно во август и рече дека годишното производство би можело да достигне рекордни 13,2 милиони барели во 2024 година, а дополнително зголемување во 2025 година на 13,5 милиони барели на ден.
Извор: vecer.press