Општина Гази Баба им доделува субвенции на граѓаните за стерилизација на домашните миленици. За таа цел, објавен е јавен повик.
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на неговиот Фејсбук профил објави дека општината ќе субвенционира стерилизација на домаши миленици. Надоместокот на трошоците за граѓаните ќе биде 100 % , но не повеќе од 6000 денари.
„Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок. Придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината. Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност. Објавен е јавниот повик и ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да добијат субвенции“, напиша Стефковски.
Линк до јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-subvencioniranje…/