Сите, барем неколку пати, сме се нашле во ситуација да нè нервира бавниот интернет во станот или куќата и најчесто веднаш го обвинуваме операторот. Но, понекогаш решението е многу поедноставно, а можеби не би ви паднало на памет.
Ако имате проблеми со интернетот, не значи секогаш дека причината е слаб сигнал од операторот. Одредени предмети во нашиот дом може да влијаат на квалитетот на интернетот.
Проблемот може да бидат предмети или уреди во вашиот дом кои ги попречуваат сигналите, а најчест виновник, верувале или не, е огледалото.
Имено, некои огледала, особено големите ѕидни, може да влијаат на интернет врската бидејќи се составени од тенок слој метал кој обично предизвикува вакви пречки. Општиот совет е, затоа, да го држите рутерот барем еден метар подалеку од огледалото, пишува Крстарица.
Ако имате проблеми со интернетот, можеби би можеле да пробате и засилувачи на сигналот. Тие функционираат така што го примаат сигналот од рутерот, а потоа го пренесуваат понатаму, и се добро решение за поголеми домови со многу ѕидови или поголеми предмети кои создаваат пречки.
Исто така, овој трик можеби звучи неверојатно, но Wi-Fi сигналот е можно да го засилите со помош на еден предмет кој сите го имаме во кујната – алуминиумска фолија. Овој изненадувачки трик би можел да биде спас во оние денови кога Wi-Fi одбива да вчита и наједноставна содржина, но дали навистина делува или е само уште еден технолошки мит? Научниците од Универзитетот Дартмут го тестирале и потврдиле дека работи.