Иако станува збор за долгорочни прогнози кои не се секогаш прецизни и често се менуваат, како што се движат воздушните маси, сепак, добри се за кроење планови, особено за оние кои планираат патувања, скијање и слични активности кои зависат од снегот.
Во Скопје, според прогнозите на метеоролошкиот сервир AccuWeather, првиот снег можеме да го очекуваме во последната недела од ноември или првата недела од декември. Нема да го има многу но можно е да се формира мала снежна покривка.
Тоа ќе биде и единствениот „снежен бран“ со оглед на тоа дека до крајот на годината, не очекува релативно суво и не многу студено време, а за новогодишните празници, метеоролозите најавуваат сончеви денови со температури до 7 степени.