"Зошто ја сакате работата за која сте интервјуирани и што имате да и понудите на компанијата?". Прашање што интервјуерите речиси секогаш го поставуваат бидејќи сакаат да знаат зошто сакате да работите токму за позицијата во нивната организација. "Работата звучи одлично" или "Компанијата е место каде мислам дека ќе научам многу работи" се веќе излитени одговори кои на потенцијалните работодавачи не им се доволни. Работодавачите се желни да одредат кои кандидати навистина ја сакаат работата и ќе вложат вистински напори за нејзино подобрување, а кои ја сакаат работата само затоа што моментално се појавила можноста да бидат дел од тимот и не им е толку важно дали ќе ја добијат истата или не.
Најдобар начин да одговорите на ова прашање е да бидете подготвени и запознаени со целокупната работа на компанијата. На тој начин, вашиот одговор ќе покаже дека вие добро ќе се вклопите во динамиката и мисијата на компанијата и дека самата работа е релевантна за вашите вештини и интереси. Секогаш е добро да поминете некое време истражувајќи ја компанијата за да можете да зборувате за продобивките од работењето за конкретниот работодавач.
За почеток, можете да ги побарате најновите соопштенија од медиумите кои се однесуваат на конкретнта компанија и на тој начин да бидете повеќе запознаени со нејзините идни цели. Меѓу другото, можете да ги проверите нивните фејбук, твитер или инстаграм страници (доколку ги имаат) и да ги видите размислувањата на останатите луѓе за компанијата.
За да подготвите одговор споредете ги вашите цели со целите на компанијата и позицијата за која аплицирате. Направете листа на главните цели на компанијата, па на вашите цели и видете како тие ќе се усогласат. При одговарање на прашањето фоксот ставете го на една или две цели или на неколку позитивни квалитети на компанијата. Нагласете како овие цели или квалитети се усогласуваат со вашите цели или како вашето работно искуство ќе и помогне да компанијата да ги постигне своите цели.