Солета, прв избор кога станува збор за производи од месо-преработувачката индустрија, има развиена големопродажна дистрибутивна мрежа, ланец од единаесет малопродажни објекти и дури 110 вработени. Нивниот тим не престанува да расте, а во Солета секогаш има место за вредни, чесни и амбициозни кадри. Во нивното големо семејство се добредојдени и кандидати кои немаат претходно работно искуство, бидејќи компанијата беспоштедно вложува знаење и ресурси во обука и усовршување на истите. Солета е отворена и за обуки и пракса на средношколци и студенти од сите области на работењето.
Секој вработен согласно своето работно место добива еднократни или повеќекратни обуки од областа на своето работење. Компанијата обезбедува екстерни (следење на законските прописи и регулативи, безбедноста и здравјето при работа, финансовото работење, хигиена на храна и примена на НАССР систем, трендови и иновации во месопреработувачката индустрија, развој на нови производи, менаџмент со човечки ресурси, ПР маркетинг) и интерни обуки. Интерните и континуирани обуки се однесуваат на хигиена на процесот, мониторинг на критични контролни точки, постапување при инцидент, криза или несреќен случај, подобрување на секојдневното работење и избегнување на % на грешки. Овие обуки се спроведуваат од вработените на поодговорните позиции кои постојано се надоградуваат и посетуваат семинари и обуки во и надвор од Македонија.
Благодарение на овие обуки Солета е тим од професионалци кој функционира беспрекорно веќе 22 години со воспоставен систем на организација и работа од самите почетоци, а надоградуван во текот на повеќегодишното работење и егзистирање.
Но, тука не престанува грижата кон вработените. Менаџментот е отворен за постојани разговори и согледување на проблемите и недостатоците при работењето, како и секојдневно подобрување и корекција на вработените при направена грешка во текот на работниот процес. Солета истовремено е и одговорна компанија која е поддршка на своите вработени во различни животни прилики и неприлики.
Покрај редовните месечни примања, почитување на работно време, овозможување на добри и пријатни работни услови, обезбедување соодветна опрема и облека за работа, вработените во Солета имаат и флексибилно користење на годишен одмор, регрес за годишен одмор, платено празнично работење, ноќен труд, прекувремена работа, платени дневници за работа надвор од Македонија..
Трудот на лојалните, чесни и вредни работници е секогаш соодветно вреднуван.
Сакаш да станеш дел од тимот на Солета?
АПЛИЦИРАЈ за позицијата ПРОДАВАЧ/КА или ПОМОШНИК ВО КУЈНА
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
- Еве како е да се биде 30 години дел од тимот на СОЛЕТА
- Анета од СОЛЕТА: „Доколку сакате стабилна работа во пријатна атмосфера - повелете во нашиот СОЛЕТА тим, нема да згрешите!“