Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Имате чувство дека на деловен план се се распаѓа, а не знаете како да го спречите тоа. Смирете се и размислете за се, ќе сфатите дека хаосот не е толку голем.
ЉУБОВ: Без значајни промени на љубовен план, без оглед дали сте во брак, долга врска или пак сте слободни.
ЗДРАВЈЕ: Лош имунолошки систем.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Конечно ќе имате време да се одморите малку и работата да ја ставите во втор план.
ЉУБОВ: Нови, возбудливи случувања, неделата ќе ви биде кратка за се што ќе ви се случи.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со главоболка.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Најдобро е решавањето на сериозни и поголеми проблеми да го оставите за наредната недела. Оваа недела завртете се кон себеси.
ЉУБОВ: Имате замерки за однесувањето на партнерот, но уште не сте подготвени отворено да зборувате за тоа.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за исхраната. Стомакот ќе ви биде осетлив.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Добро прочитајте пред било што да потпишете. Оваа недела ви се препорачува зголемена внимателност.
ЉУБОВ: Некое интересно познанство со личност родена во знакот на Риби би можело да прерасне во нешто сериозно.
ЗДРАВЈЕ: Можни се настинка и кивавица.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Оваа недела ќе ја обележат големи осцилации на финансиски план. Можни се големи приходи, но и големи трошоци.
ЉУБОВ: Без оглед дали сте во врска или не оваа недела ќе ви биде многу мирна.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со хемороиди.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Неповолен период за донесување нови деловни одлуки. Одморете оваа недела, а наредната тргнете вредно во нов поход.
ЉУБОВ: Збунети сте. Ни сами не знаете што чувствувате и како треба да се однесувате. Искористете ја оваа недела да размислите за се.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со видот.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Иако имате безброј идеи, ова не е баш најповолниот период за вас, бидете повнимателни.
ЉУБОВ: Нејасна ситуација на љубовен план. Време е да станете поотворени и кон себе и кон партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Склони сте кон депресивни мисли.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: И во оваа нова година зачeкоривте со преголеми очекувања. Не го правете тоа, со цел да не се разочарувате.
ЉУБОВ: Слободните ќе имаат интересна понуда, а оние во врска или брак можно е да имаат ситни проблеми.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со нервниот систем.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Имате огромна желба нешто да промените на деловен план, но како да не сакате. Проблем се вашите внатрешни кочници.
ЉУБОВ: Љубовната ситуација ви е комплицирана, бидејќи делува дека вашиот партнер се одалечил од вас. Позборувајте со него.
ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со коските.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Почетокот на годината ќе го одбележи некое раскинување на договор, особено нешто поврзано со странство.
ЉУБОВ: Можна е врска со доста повозрасна личност од вас. Доколку сте во врска или брак, не правете нешто за што подоцна ќе жалите.
ЗДРАВЈЕ: Проверете ја крвната слика, можни се проблеми со холестеролот.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Можна е загуба, штета или некој непланиран трошок. Значи, оваа недела ќе биде многу неповолна кога станува збор за пари.
ЉУБОВ: Планетите укажуваат на зголемена љубомора.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со мочниот меур и уринарниот тракт.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Очекувавте повеќе на деловен план, но бидејќи не дошло до тоа, чувтвувате големо разочарување.
ЉУБОВ: Нестабилна љубовна ситуација. Можни се мали разочарувања.
ЗДРАВЈЕ: Можни се воспаленија на стомакот.