Иако вчера јавниот превоз во Скопје сообраќаше со редуцирани линии поради затворени улици, жителите револтирани споделуваат дека чекале со часови за да дојде автобус. Проблемот не е нов, но да се чека пет часа за да се стигне дома не е нормално, споделуваат скопјани.
- Луѓе за да стасаат до Драчево, Зелениково, Моране... Не знам како е ситуација со други приградски населби, чекаа и до 5 часа за автобус, сподели новинарката Теодора Цветковска.
„Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, од утре ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет“, се вели во кусото соопштение од Град Скопје предводен од Арсовска.
Револтот кон градот за проблемот со јавниот превоз расте од ден во ден! Дури има и предлози патниците да го тужат претпријатието.
- Сите што имате месечен билет за ЈСП можете слободно да го тужите претпријатието и Град Скопје за неисполнување на обврските (касните на работа, ви ремети приватни обврски итн..). Доказ имате кога ќе се изврши увид за движењето на автобусите и вести од медиумите. Ова е катастрофа за главен град и немање јавен превоз, споделува еден скопјанец.
Извор: skopjeinfo.mk