Овој европски аеродром е еден од најмалите во светот и има само три лета дневно.
Еден корисник на „Тик-ток“ објави видео на неговиот профил покажувајќи како го чека својот лет, но без вообичаениот метеж на аеродромот. Наместо тоа, на аеродромот нема луѓе.
Станува збор за аеродромот Острава во Чешка, со само два до три комерцијални лета дневно.
Надвор од сезоната, од октомври до април, аеродромот обично е празен, а има повеќе работа во текот на летната сезона.
Аеродромот Острава е познат и како Меѓународен аеродром Острава-Моснов и е вториот по големина аеродром во Чешка. Станува збор за меѓународен аеродром и ја опслужува областа Моравија - Шлеска, Чешка, и има патнички летови до осум дестинации во шест земји.
Извор: fakulteti.mk