Неодминлива телевизиска тројка која во популарната култура стана синоним за хумор и општествена сатира во независна Македонија – Лупчо Каров, Бранко Огњановски и Васко Тодоров
Легендарното хумористично ТВ шоу К-15, несомнено најпопуларното телевизиско шоу во историјата на независна Македонија , составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро.
По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро.
Нивното критичко и хумористично претставување на нашите дневно-политички актуелности и нивните незаборавни вонвременски скечеви и ден-денес се паметат и предизвикуваат добро расположение кај гледачите. По тој повод, на 26 декември 2023 г., претседателот на Македонија Стево Пендаровски им додели Ордени за заслуги.
Првата епизода била прикажана на 23 ноември 1994 г. на А1-телевизија. Емисијата К-15 оттогаш обезбедува силна општествена, политичка и економска критика особено на нелогичностите во македонското општество, етничката трпеливост, стереотипите, табу-темите и животната средина. Емисијата К-15 била прикажувана на повеќе телевизиски канали, имено на МТВ 1, Сител, А1, Алфа ТВ, К-15 ТВ, Канал 5. Во 2008 година, уредниците на К-15 се одлучиле да основаат свој независен телевизиски канал познат како телевизија „К-15“. Каналот претежно прикажувал македонска музика со повремено прикажување на скечеви и реклами од К-15. Каналот бил достапен и преку сателитската телевизиска мрежа. По низа финансиски проблеми на самото производство, последниот циклус завршува на 30 март 2013 г.
Воедно тоа е и датумот на последната прикажана епизода. Одлуката за престанокот на емисијата следува неколку месеци подоцна соопштена од Љупчо Бубо Каров, на големо разочарување на сите гледачи.