
Македонија и утрово се разбуди со загаден воздух.
Многу високо загаден воздух имаме во Скопје, а високо загаден е воздухот во Кичево. Во сите други градови, воздухот е ниско или многу ниско загаден.
Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина и синоќа покажаа многу висока загаденост во Кичево.
На листата на air visual, утрово Скопје е 40-от најзагаден град во светот. Имаше денови кога беше и во првите 10 најзагадени што е алармантно.