
И покрај бројните апели, планови и ветувања за намалување на загаденоста, Скопје никако да се ослободи од гушливиот воздух. Вечерва нашиот град повторно се најде на неславното 10-то место во светот по загаденост, според меѓународните извештаи за квалитетот на воздухот.
Ова е проблем кој секојдневно ги загрозува здравјето и квалитетот на живот на граѓаните. Најпогодени се најмладите, хронично болните и постарите лица, кои се принудени да живеат во услови што наликуваат на еколошка катастрофа.

Време е за итни и суштински мерки! Потребна е поголема контрола врз индустриските загадувачи, стимулирање на алтернативни и еколошки форми на транспорт, како и вистински инвестиции во зелената инфраструктура.
Дали како граѓани ќе дозволиме овој проблем и натаму да ја уништува иднината на нашите деца? Или ќе се избориме за воздух што го заслужуваме?