Отворени се пријавите за избор на Најдобри регионални HR пракси - ценето признание за проект со кој сте го подобриле квалитетот на работата, задоволството на вработените и деловните резултати!
Изборот на најдобра регионална HR пракса се одвива во рамки на HR Days конференцијата, која нашите партнери MojPosao (Alma Career Croatia) од Хрватска ја организираат во Ровињ, Хрватска по 13ти пат оваа година.
Зошто да се пријавите?
• Искористете ја можноста вашата иновативна HR пракса да блесне на регионална сцена
• Конкурсот е отворен за сите компании и е поделен во три категории според големината: мали и средни, големи и компании со 1000+ вработени.
• ТОП 3 компаниите од секоја категорија ќе имаат можност да ги претстават своите HR пракси на престижната конференција HR Days, во Ровињ, Хрватска, каде што ќе имаат можност и да освојат дополнителни поени од публиката.
• Зајакнете го вашиот employer branding со освојување на престижната награда за најдобра регионална HR пракса со дополнителна промоција преку настани организирани од Alma Career N. Macedonia, како и преку објави на порталот Vrabotuvanje.com.mk.