Под влијание на влажна и студена воздушна маса од денеска до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2).
Дождливото време резултира со големи количини на вода на коловозите. Тоа е главно површинскиот слој, но понекогаш ќе наидете на подлабока водена бариера.
Друга причина е - ваквото возење може да биде опасно за „здравјето“ на вашето возило на четири тркала.
Избегнувајте вода подлабока од 10 сантиметри затоа што повеќето од денешните автомобили имаат ниско поставени доводи за воздух, кои во овој случај можат да навлечат вода во моторот, а тоа може да доведе до катастрофални последици - навлегување вода во цилиндрите, пукање на клиповите...
Затоа избегнувајте подлабока вода - автомобилот не е брод или подморница - и возете повнимателно на дожд отколку на суво. Зголемете го растојанието помеѓу возилата пред вас од две на четири секунди, бидејќи растојанието за сопирање на автомобилот на дожд е исто така многу подолго.
Внимавајте на гумите, доколку се истрошени, а длабочината на шарата е помала од 1,6 мм, ќе го почувствувате тоа бидејќи ракувањето ќе биде полошо, а растојанието за сопирање ќе биде подолго. Инвестирајте во нови гуми, како и во бришачи. Старите бришачи нема добро да го исчистат ветробранското стакло, а тоа ќе ја намали видливоста додека возите.
Извор: kajgana.com