Два познати лондонски пазари, од кои едниот за риба, а другиот за месо, треба да бидат затворени во наредните години, со што ќе се прекине традиција која датира од средниот век. Локалната управа задолжена за историскиот центар на Лондон треба во среда да претстави нацрт-закон пред парламентот, со кој ќе ги прекине своите обврски за управување со пазарот за риба Билингсгејт и пазарот за месо Смитфилд, кои во некаква форма постојат уште од 11. век.
Управата одлучи да не ги преместува овие два пазари во новото населено место Дагенам, во источниот дел на Лондон, поради зголемените трошоци кои се резултат на неодамнешната инфлација и зголемените трошоци за градба. Наместо тоа, според новиот договор со пазарните трговци, управата ќе обезбеди финансиски надомест и совети.
Трговците ќе имаат одредено време да одлучат како и каде ќе го продолжат да работат, бидејќи пазарите нема да бидат затворени пред 2028 година.
Пазарот Билингсгејт влече корени од раниот 11. век, пред Вилијам I да се појави со своите нормански трупи во Англија и да ја заврши англо-саксонската ера. Пазарот Смитфилд, изграден веднаш зад стариот римски ѕид, станал место за продажба на коњи, овци и говеда во 11. век.
Извор: n1info.rs