Откако во јануари беа откриени плановите за изградба на нов облакодер во Дубаи, неодамна беше потврдено дека проектот е во тек и дека Бурџ Азизи, со височина од 725 метри, ќе стане втората највисока зграда во светот.
„Од самиот почеток имавме планови за два дизајни – едниот за првично одобрената висина од 526 метри, а другиот за повисоката, сега одобрена висина од 725 метри“, изјави за Си-ен-ен, Мирвејс Азизи, основачот и претседател на „Azizi Developments.
Облакодерот од 131 кат ќе вклучува апартмани, луксузен хотел со „седум ѕвезди“ со сите апартмани и седумкатен „вертикален“ трговски центар. Лоциран на улицата Шеик Зајед, во квартот на Светскиот трговски центар во Дубаи, Бурџ Азизи сепак ќе биде нешто повеќе од 100 метри понизок од Бурџ Калифа.
Меѓутоа, лесно ќе ја победи локалната конкуренција за втората највисока зграда во градот, надминувајќи ја Марина 101 (371 метар). Но исто така Бурџ Азизи ќе ја надмине и моментално втората највисока зграда во светот, малезиската „Мердека 118“ која е висока 679 метри. Се очекува дека облакодерот ќе постави неколку рекорди, вклучувајќи – највисоко лоби на светот (на 11 кат), највисок ноќен клуб на светот (на 126 кат), и највисоката светска опсерваторија (на 130 кат), велат од „Azizi Developments“.
Исто така градителот вели дека зградата ќе има и најголем ресторан во Дубаи (што значи дека неговиот простор на 122 кат ќе биде поголем од ресторанот на Бурџ Калифа – „At.mosphere“ на 122 кат) како и најголема хотелска соба во градот, на 118 кат.
Извор: tocka.com.mk