Предлогот на фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање ја разбранува јавноста, која и онака негодуваше за досегашната старосна граница. Според нивнот нов предлог, македонските граѓани, од 2026 година, би требало да се пензионираат на 67 години и за мажи и за жени.
Во моментов, осигуреникот во Македонија има право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години ако е маж, или 62 години ако е жена и има најмалку 15 години стаж. Деновиве, темата за старосната граница е фискалниот совет предложи од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години за мажи и за жени.
Колкава е старосната граница за пензионирање во регионот?
Во Србија правото на старосна пензија можат да го остварат мажите на 65 години, а жените на 63 години и шест месеци, со планирано постепено зголемување на 65 години до 2032 година. За да се пензионираат им требаат минимум 15 години стаж.
Во Словенија старосната граница за пензионирање е иста за мажите и за жените. Општи услови за пензија се: 60 години старост и 40 години пензиски стаж или 65 години старост и 15 години стаж на осигурување.
Мажите во Црна Гора стекнуваат право на старосна пензија на возраст од 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување, додека жените се пензионираат под малку поповолни услови. Моментално, за да заминат во пензија им требаат минимум 62 години и девет месеци живот.
Извор: faktor.mk