Според податоците на италијанското биро за статистика, Италија имала најголем број автомобили по глава на жител во Европската унија во 2023 година, односно 694 патнички возила на 1.000 жители.
Споредено со просекот на ЕУ, кој е 571 автомобил на 1.000 жители, Италија значително се издвојува, објави Анса.
Хибридните автомобили сочинуваат само 6,9 отсто од возилата во регионалните главни градови, додека електричните возила се присутни само во 0,6 отсто од случаите.
Исто така, податоците покажуваат дека 47,4 отсто од автомобилите во Италија работат на бензин, што е пад од 0,8 отсто во последните осум години, пренесува Танјуг.
Учеството на дизел возилата е 35,2 отсто што е намалување за 0,3 отсто во однос на 2015 година.