Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Имате одлични идеи. Време е да ги спроведете во дела, на колегите ќе им се допадне вашата позитивна енергија.
ЉУБОВ: Вие сте многу емотивна личност и тоа околината многу го цени. Партнерот ќе ви биде голема поддршка.
ЗДРАВЈЕ: Витални и здрави.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Креативни сте и поинакви, но колегите немаат разбирања за вас. Позборувајте отворено за тоа што ве мачи.
ЉУБОВ: Оваа недела ќе ви ја обележи личност родена во знакот на Риби.
ЗДРАВЈЕ: Стомачни тешкотии.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: За да бидете во тек, неопходно е редовно да посетувате тренинзи и едукативни центри, потрудете се да бидете напредни.
ЉУБОВ: Уживате во флертот, љубовните афери и авантури. Оваа недела ќе имате прилика за сето тоа.
ЗДРАВЈЕ: Пронајдете вежби за релаксација.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Одлично се чувствувате во ваша кожа. Сметате дека сте доволно способни за се што правите. Тоа во голем дел ќе се покаже како точно.
ЉУБОВ: Можна е врска со личност родена во знакот на Близнаци.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Безпотребно се грижите поради парите. Оваа недела обрнете им повеќе внимание на односите со колегите.
ЉУБОВ: Ќе водите долги разговори со партнерот, се додека не успеете во она што сте го наумиле. Внимавајте само да не го налутите.
ЗДРАВЈЕ: Пронајдете нешто каде ќе го исфрлате стресот.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Доколку имате некоја идеја или недоумица, запрашајте некоја роднина во знакот на Бик или Шкорпија за совет.
ЉУБОВ: Мали се шансите дека нешто на љубовен план може да се промени. Ќе бидете способни да воведете само минимални промени.
ЗДРАВЈЕ: Можна е несоница.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Во текот на оваа недела на работното место ќе ви биде тензично, внимавајте на вашите реакции.
ЉУБОВ: Неповолна недела за љубов. Генерално не сте расположени за никаква комуникација.
ЗДРАВЈЕ: Осетлив стомак.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Преоптеретени сте со работа. Работите повеќе од потребното. Одморете малку, не се преценувајте.
ЉУБОВ: Иако сте пренатрупани со обврски, треба да одвоите малку време и за љубов.
ЗДРАВЈЕ: Замор и стрес
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Огромен успех за сите кои се занимаваат со јавна работа. Сите останати може да очекуваат вообичаена атмосфера.
ЉУБОВ: Некоја личност во знакот на Риби ќе ви посвети многу внимание. Сепак, мали се шансите таа личност да е идеалната за вас.
ЗДРАВЈЕ: Зајакнете го имунитетот.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Вашата финансиска ситуација не е задоволителна. Поради тоа работете повеќе од тоа што можете.
ЉУБОВ: Можни се мали расправии со партнерот или со личноста која ви се допаѓа.
ЗДРАВЈЕ: Нервоза и стрес.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Доколку подолго време размислувате за да отворите сопствен бизнис, најдобро е прво да ја напуштите работата која ве спречува во плановите.
ЉУБОВ: Сеуште не сте заборавиле некоја личност од минатото. Поради тоа никако не можете да тргнете понатака.
ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со грбот.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Соработниците сакаат кога имаат стабилна и реална личност за соработка. Вие сте личност со такви особини и партнерите/колегите ќе бидат задоволни од вас.
ЉУБОВ: Ви се допаѓа нечие внимание и додворување. Посакувате да имате малку повеќе време за тоа, но работата ве загушува.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителни црева.