Научниците од заштитеното подрачје „Atoll National Wildlife Refuge“ кое служи како живеалиште за лајсанските албатроси, во 1956 година забележаа една женка која се гнездеше на ова подрачје, при што ѝ ставија ознака на едната нога за да можат да ја следат.
Овој вид на животно почнува да се размножува на возраст од околу пет години, а научниците претпоставувале дека птицата која ја нарекле Виздом е родена околу 1950 година. Според нивните процени, таа сега има 74 години и се смета за најстарата дива птица во светот.
Виздом во текот на нејзиниот долг живот има снесено 60 јајца, според процените на научниците, а во последните четири години нејзиниот долгогодишен партнер мистериозно исчезнал и затоа Виздом не несела јајца.
Меѓутоа оваа година, научниците открија дека Виздом нашла нов партнер.
„Таа го направи тоа повторно. Најстарата позната дива птица на светот, Виздом, се врати со нов партнер и штотуку снесе уште едно јајце“, соопшти американската служба за риби и диви животни.
Доколку овој процес биде успешен, најстарата птица во светот наскоро би требало да го добие едниот од своите најмлади потомци. Локалитетот „Midway Atoll“ кој се наоѓа северозападно од Хаваите претставува дом за илјадници морски птици кои секоја година доаѓаат тука за да ги несат нивните јајца.
Благодарение на проектите за заштита, како што е проектот за зачувување на морските птици на „Midway Atoll“, оваа област обезбедува безбедно засолниште за Виздом и птиците како неа.