Министерството за внатрешни работи објави јавен оглас за прием на 600 полициски службеници.
Како што е наведено во огласот се бараат извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:
1. во Сектор за внатрешни работи Скопје ------------------------------------ 300 извршители
2. во Сектор за внатрешни работи Охрид -------------------------------------- 30 извршители
3. во Сектор за внатрешни работи Куманово ---------------------------------- 15 извршители
4. во Сектор за внатрешни работи Штип ---------------------------------------- 35 извршители
5. во Сектор за внатрешни работи Тетово --------------------------------------- 20 извршители
6. во Сектор за внатрешни работи Битола --------------------------------------- 15 извршители
7. во Сектор за внатрешни работи Велес ----------------------------------------- 15 извршители
8. во Сектор за внатрешни работи Струмица ----------------------------------- 40 извршители
9. во Регионален центар за гранични работи Север -------------------------- 25 извршители
10. во Регионален центар за гранични работи Запад -------------------------- 20 извршители
11. во Регионален центар за гранични работи Исток -------------------------- 20 извршители
12. во Регионален центар за гранични работи Југ ------------------------------- 15 извршители
13. во Оддел за специјални полициски операции ------------------------------- 50 извршители
1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;
- активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
- со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;
- да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
- да е здравствено и психофизички способен;
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
- да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и
- да има положено тест за интегритет.
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
- потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)
- висока лична физичка подготвеност.
3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:
- извод од матична книга на родените,
- диплома за завршено четиригодишно средно образование и
- две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.
Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.
Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:
- Сектор за внатрешни работи Скопје:
- Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
- Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и
- Полициска станица од општа надлежност-Карпош.
- Сектор за внатрешни работи Битола;
- Сектор за внатрешни работи Велес;
- Сектор за внатрешни работи Куманово;
- Сектор за внатрешни работи Тетово;
- Сектор за внатрешни работи Охрид;
- Сектор за внатрешни работи Струмица,
- Сектор за внатрешни работи Штип.
При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.
Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.
Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).
Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).
Целиот оглас може да го погледнете на страната на: mvr.gov.mk