Најголемата санта мраз во светот, околу три пати поголема од Њујорк, повторно е во движење откако со децении беше заглавена да се врти во место, објави Британското антарктичко истражување (BAS).
Огромната санта мраз по име А23а се ослободи од својата „стапица“ северно од Јужните Оркнејски Острови и сега лебди во Јужниот Поларен Океан, соопштија научниците.
„Возбудливо е да се види како A23a повторно се движи после долгиот период кога беше заглавена. Нас нè интересира дали ќе го следи истиот пат по кој се движат и други големи санти мраз кои се одвоиле од нивната позиција на Антарктикот. И уште поважно, ние сме заинтересирани за тоа какво влијание ќе има врз локалниот екосистем“, рече д-р Ендрју Мејерс, океанограф на BAS.
А23а се оддели од ледената покривка на Антарктикот, Филхнер во 1986 година, но се залепи на дното на океанот и остана во Веделовото Море многу години.
Научниците предвидуваат дека А23а ќе го продолжи своето патување во Јужниот Поларен Океан по антарктичката кружна струја (ладна морска струја на западни ветрови), која најверојатно ќе го однесе кон субантарктичкиот остров Јужна Џорџија. Во тој регион ќе наиде на потопла вода и се очекува да се распадне на помали ледени брегови и на крајот да се стопи.
Ледениот брег има површина од околу 4.000 квадратни километри. Минатата година британски поларен истражувачки брод наиде на А23а, што им овозможи на научниците да соберат примероци од морската вода околу колосалната санта, па во тек е подетално истражување.
Извор: inovativnost.mk