Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ пораки со цел да извлечат пари.
Во новиот фишинг напад се користат линкови кои водат до веб-страница на која жртвите се покануваат да внесат лични податоци и податоци од платежни картички.
Веб-страницата е едноставна, без валидирање на внесените податоци и е регистрирана пред неколку дена. Нападот е насочен исклучиво кон корисници во Македонија, бидејќи страницата филтрира само IP адреси од оваа земја.
Ова е уште еден обид на измамниците да извлечат податоци и да предизвикаат финансиски загуби кај населението кое ќе наседне на оваа измама.
Извор: telma.com.mk