Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници(„Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 375/2018
за вработување на 40 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за транспорт и врски за следните работни места
1. УПР0101В01000 Советник за сообраќајно-технички работи, Одделение за патна инфраструктура, Сектор за патен сообраќај и инфраструктура
2. УПР0101Г01000 Самостоен референт за водење на база на податоци за патничкиот сообраќај, Одделение за патнички сообраќај, Сектор за патен сообраќај и инфраструктура
3. УПР0101В04000 Помлад соработник за сертификати за опасни материи, Одделение за превоз на опасни материи, Сектор за патен сообраќај и инфраструктура
4. УПР0101В04000 Помлад соработник за лиценци, Одделение за превоз на стоки во патниот сообраќај, Сектор за патен сообраќај и инфраструктура
5. УПР0101В04000 Помлад соработник за информатички технологии, Одделение за комуникација со јавноста, Сектор за стручна поддршка на министерот и односи со јавност
6. УПР0101В04000 Помлад соработник за следење на медиуми, Одделение за комуникација со јавноста, Сектор за стручна поддршка на министерот и односи со јавност
7. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за јавни набавки, Сектор за општи работи
8. УПР0101Г04000 Помлад референт за документација, Одделение за општи работи и архива, Сектор за општи работи
9. УПР0101В04000 Помлад соработник за документирање на контролни активности, Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања
10. УПР0101В01000 Советник за уредување на просторот во рурална средина, Одделение за уредување на просторот во рурална средина, Сектор за уредување на просторот
11. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за аналитика и евиденција на урбанистички планови и урбанистичко– планска документација и реализација на Годишна програма за урбанистичко планирање финансирана од Буџетот на Р.М., Сектор за уредување на просторот
12. УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор за документирање и управување со градежно земјиште задолжен за документација за градба на објекти, Сектор за документација и управување со градежно земјиште
13. УПР0101В04000 Помлад соработник за подготовка на документација, Oдделение за издавање на одобренија за градење и употреба за градби од високоградбата, Сектор за документирање и управување со градежно земјиште
14. УПР0101В02000 Виш соработник за стручно – оперативни работи при контрола на склучени договори за оттуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежното земјиште по пат на јавно наддавање и со непосредна спогодба од страна на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, Одделение за следење и контрола на вршењето на работите за располагање со градежното земјиште, Сектор за документирање и управување со градежно земјиште
15. УПР0101В04000 Помлад соработник за правни работи, Одделение за нормативни и правни работи од областа на уредувањето на просторот и градежното земјиште, Сектор за нормативни и правни работи
16. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за следење на судските спорови, Сектор за нормативни и правни работи
17. УПР0101В01000 Советник за решавање на управни работи во втор степен од областа на постапувањето со бесправно изградени објекти, Одделение за управни работи во втор степен, Сектор за управно-надзорни работи
18. УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор за Европска Унија
19. УПР0101В02000 Виш соработник за прашања од областа на поштенскиот сообраќај, Одделение за поштенски сообраќај, Сектор за патен сообраќај и инфраструктура
20. УПР0101В03000 Соработник за следење на поштенскиот сообраќај, Одделение за поштенски сообраќај, Сектор за патен сообраќај и инфраструктура
21. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за железнички сообраќај, Сектор за железници
22. УПР0101В01000 Советник за следење на работењето на железничкиот превозник, жичари и ски-лифтови, Одделение за железнички сообраќај, Сектор за железници
23. УПР0101В01000 Советник за административна поддршка во меѓународни односи, Одделение за меѓународна соработка, Сектор за стручна поддршка на министерот и односи со јавност
24. УПР0101В03000 Соработник за стручно – оперативни работи, Одделение за општи работи и архива, Сектор за општи работи
25. УПР0101В02000 Виш соработник за буџетско работењe, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања
26. УПР0101В01000 Советник за одобрување на проекти за инфраструктура за линиски инфраструктурни објекти од прва категорија согласно Законот за градење, Одделение за одобрување на проекти за инфраструктура за линиски инфраструктурни објекти од прва категорија, Сектор за уредување на просторот
27. УПР0101В01000 Советник за одобренија за градење и употреба на градби од високоградбата, Одделение за издавање на одобренија за градење и употреба за градби од високоградбата, Сектор за документирање и управување со градежно земјиште
28. УПР0101В01000 Советник за следење на реализација на склучени договори, Oдделение за градежно земјиште, Сектор за документирање и управување со градежно земјиште
29. УПР0101В02000 Виш соработник за нормативни и правни работи од областа на сообраќајот, јавните патишта, станбено – комуналните работи и инфраструктурата, Oдделение за нормативни и правни работи од областа на сообраќајот, јавните патишта, станбено – комуналните работи и инфраструктурата, Сектор за нормативни и правни работи
30. УПР0101В01000 Советник за надзор над законитоста на работата на општините од областа на комуналните работи и домувањето, Одделение за надзор над законитоста на работата на општините, Сектор за управно - надзорни работи
31. УПР0101В04000 Помлад соработник за документирање на постапки од комуналните работи, Одделение за комунални работи и инфраструктура, Сектор за станбено-комунални работи и инфраструктура
32. УПР0101В03000 Соработник за стручно – оперативни работи за имплементација на проекти, Одделение за имплементација на проекти, Сектор за станбено-комунални работи и инфраструктура
33. УПР0101В01000 Советник за воздухопловно право, Одделение за воздухопловна политика, Сектор за воздухопловство
34. УПР0101В02000 Виш соработник за следење при преземање на дејствија по поднесени барања за поведување на прекршочна постапка, Одделение за водење на прекршочна постапка, Сектор за прекршоци
35. УПР0101В01000 Советник за евиденција на прекршочни постапки, Одделение за следење на извршување на прекршоци, Сектор за прекршоци
36. УПР0101Г01000 Самостоен референт за документирање и архивски работи, Одделение за следење на извршување на прекршоци, Сектор за прекршоци
37. УПР0101В01000 Советник за издавање на сертификати, одобренија и дозволи, Одделение за лиценцирање, Сектор за сигурност во железничкиот систем, Управа за сигурност во железничкиот систем
38. ИНС0101В01001 Советник – инспектор за сигурност на железничката инфраструктура, Одделение за инспекциски надзор за сигурност на железничката инфраструктура, Сектор за инспекциски надзор во железничкиот систем, Управа за сигурност во железничкиот систем
39. ИНС0101В03001 Соработник – помошник инспектор за сигурност на влеча на возови и возни средства, Одделение за инспекциски надзор за сигурност на железничкиот сообраќај, Сектор за инспекциски надзор во железничкиот систем, Управа за сигурност во железничкиот систем
Конкурсот е отворен до 16.01.2018.