Српската министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ изјави дека Владата го усвоила предлогот на Министерството за образование зимскиот распуст за основците и средношколците низ целата држава да започне седум дена порано – на 24 декември, а ќе трае до 20 јануари.
Министерството за образование на Србија вчера соопшти дека испратило предлог до Владата на Србија зимскиот распуст подеднакво да започне за основните и средните училишта низ територијата на Република Србија, во вторник на 24 декември 2024 година.
Од Министерството соопштија дека одлуката е донесена по разгледување на околностите кои влијаат на квалитетот и зачувувањето на наставниот процес, како и интересот и правото на учениците на образование.