Денес, 21 декември 2024 година, во 22 часот и 27 минути, настапува зимската краткоденица, која го означува почетокот на календарската зима на северната хемисфера на Земјата.
Овој ден го карактеризира најкраткото времетраење на дневната светлина во годината – само 8 часа и 59 минути. Воедно, ноќта ќе биде најдолга, траејќи 15 часа и 1 минута.
Зимската краткоденица, е природен феномен кој го обележува моментот кога Северниот Пол е најдалеку од Сонцето. Покрај научното значење, овој ден има и културна и историска важност. Уште од античките времиња, различни цивилизации го славеле како симболично „преродување“ на светлината и почеток на нов циклус.
Според астрономските пресметки, зимата на северната хемисфера трае во просек 89 дена. Ова значи дека пролетта официјално ќе пристигне на 20 март 2025 година, во вторник.
Додека зимата на почетокот не е секогаш најстудена, многумина го користат овој период за одмор, празнувања и подготовки за новата година. Познати светски локации, како Стоунхенџ, остануваат симболични центри за обележување на зимскиот солстициј.
За сите кои уживаат во зимските пејзажи, ова е совршено време за да се подготват за ладните денови, снежните авантури и празничниот дух што го носи зимата.
Извор: klix.ba