Европа е позната како еден од најдобрите региони за професионална работа, нудејќи поволна рамнотежа меѓу работата и приватниот живот, високи плати и други бенефиции. Континентот беше меѓу првите што воведоа четиридневна работна недела и продолжува да се истакнува по иновациите во работното место.
Во потрагата по најдобрите компании за работа, Fortune и Great Place To Work објавија листа на „Fortune 100 најдобри компании за работа за Европа“. Оваа листа е базирана на анализи од над 1,3 милиони анкети на повеќе од 2 милиони вработени низ Европа.
Компаниите со највисок ранг на листата имаат високо мотивирани и задоволни вработени. Истражувањата покажуваат дека во овие компании, 90% од вработените вложуваат дополнителен напор во споредба со 59% на просечно европско работно место. Другарството и соработката се клучни фактори за ова, при што вработените со чувство на тимска работа имаат 108% поголема веројатност да се залагаат дополнително.
Долгорочната посветеност е исто така силна во овие компании – 86% од вработените изразиле намера да останат, додека на други работни места овој процент е само 60%. Рамнотежата помеѓу работата и животот е уште еден важен аспект, каде 85% од вработените во врвните компании потврдиле дека се охрабрени да одржуваат баланс.
Праведноста на работното место, исто така, игра значајна улога. Најдобрите компании се одликуваат со транспарентност при унапредувања, поделба на профитот и еднаков третман од менаџерите.
Интересно е што чувството за правичност влијае и врз подготвеноста за користење на нови технологии како вештачката интелигенција. Вработените во компании што се сметаат за фер имаат 29% поголема веројатност да прифатат алатки за вештачка интелигенција.
Сите овие фактори, заедно со можностите за континуиран развој и обука, придонесуваат за повисокото рангирање на компаниите на оваа престижна листа.
Во продолжение погледнете ги 10-те најдобри компании за работа во Европа според најновата листа на Fortune.
Извор: inovativnost.mk