Новогодишната еуфорија е во тек, а со неа доаѓаат и подароците. За некои, ова е ноќна мора, додека постојат луѓе кои уживаат во нивното купување или изработка. Без разлика дали ги правите сами или ги купувате, ќе мора да вложите пари ако сакате да дарувате за празниците. Колку, зависи од вас...
Според истражување на Виенската Стопанска комора, бројката на луѓето кои купуваат подароци за Божиќ е многу висока, со 87 проценти. Од 10 луѓе, девет планираат да купат во просек осум подароци во вредност од околу 320 евра. Заклучокот од истражувањето е дека сè повеќе луѓе внимателно ги избираат подароците. „Трендот оди од неразмислено кон целно купување“, вели претседателката на трговскиот сектор при Стопанската комора на Виена.
Тие сè почесто посветуваат посебно внимание при купувањето на подароците, бидејќи сакаат нивните подароци да бидат адекватни. Овој тренд покажува дека личните подароци стануваат сè поважни“, додава таа.
„Материјалната вредност на подароците сè повеќе се става во втор план. За многу, индивидуалноста, регионалноста и одржливоста стануваат клучни критериуми при изборот на подароци“. Шест од десет испитаници (61 проценти) придаваат важност на персонализираните подароци. Половина од испитаниците (49 проценти) сметаат дека одржливите, еколошки подароци се многу важни. Трендот се свртува кон долговечни, еколошки прифатливи производи, особено ако се произведени локално.
Начините на кои потрошувачите купуваат, што купуваат, каде купуваат и како донесуваат одлуки за купување значително се променети во последните години. Иако онлајн трговијата несомнено стана поважна, истражувањето покажува дека 35 проценти од испитаниците сакаат повеќе да купуваат во локалните продавници. Исто така, 19 проценти од испитаниците повеќе преферираат производи од регионите. „И покрај многуте претпоставки, јасно е дека потрошувачите не купуваат исклучиво онлајн, туку ценат искуството од личната купување во продавниците“, вели Гумпрехт.
Што се однесува до Божиќните подароци, повеќето се одлучуваат за купување во продавниците. Од 8 подароци, 5 се купуваат во продавници, делумно поради Божиќната атмосфера во градот.
Виена е новогодишен град, место каде што се одржува еден од најубавите адвенти на светот, но и место каде што платите се значително над европскиот просек - повеќе од 4.000 евра. Затоа не е изненадување што за подароци во просек се трошат околу 320 евра.
Колку вие трошите на подароци? Иако новогодишните и Божиќните празници се вистински момент да покажете колку ви значат вашите најблиски, факт е дека ако тоа го правите со подароци, ќе морате да го подготвите вашиот паричник.