Слаткарот Дарио Хартвиг направил панетоне со Сваровски кристали за Божиќните празници. Станува збор за италијански тип на благ леб и овошен колач.
Колачот, обложена со златна фолија и украсена со кристали, чини 900 евра по килограм. Пакувањето исто така е украсено со кристали.
Во понудата е и панетоне обложен со сребрена фолија, за 300 евра.
Ова не е првпат Хартвиг да ги воодушеви своите клиенти со ексклузивни креации. Еднаш направил панетоне со вистински дијаманти во вредност од 300.000 евра за еден руски купувач. Неколку години подоцна, клиент од Индија нарачал Божиќна торта украсена со дијамантска нараквица и тиара за 700.000 евра. Таквите креации се прават само по нарачка, а дијамантите ги испорачува купувачот, изјавил Хартвиг.
Панетоне (торта од кисело тесто со бадеми, суво грозје и кандирано овошје) и пандоро (ѕвездообразна путер торта со шеќер во прав) се јадат во многу италијански домаќинства од почетокот на декември до новогодишната ноќ – било за појадок со чаша капучино или вечерен десерт со чаша пенливо вино.
Извор: eupravozato.mondo.rs