Од 1 јануари, Белгија ќе ја забрани продажбата на електронски цигари за еднократна употреба поради здравствени и еколошки причини, соопшти белгискиот министер за здравство Франк Ванденбрук.
Според него, овој чекор е „пионерски потег“ меѓу земјите членки на Европската унија.
Ванденбрук објасни дека евтините електронски цигари претставуваат сериозна закана за здравјето, бидејќи нивните производители лесно ги привлекуваат тинејџерите, создавајќи зависност од никотин.
Електронските цигари за еднократна употреба се осмислени за да привлечат нови корисници. Тие содржат никотин, кој создава зависност и е штетен за здравјето. Тоа се фактите, истакна Ванденбрук.
Извор: nezavisen.mk