Скопје утрово е најзагаден град во Европа и 11 во светот според податоците од „IQAir“. Индексот на загаденост е 183 што значи дека воздухот за дишење е екстремно опасен по здравјето на луѓето.
Тоа најдобро може да се забележи и од камерите поставени на врвот на Водно каде се гледа дека Скопје е целосно прекриено со магла.
На прво место, најзагаден град е Лахоре во Пакистан, па следува Делхи во Индија, Вухан во Кина. Ако се види табелата ќе може да се примети дека Скопје е единствениот град во првите 10 најзагадени градови во светот.
Според Светската банка, загадувањето на воздухот годишно предизвикува смрт на околу 2.800 жители во Македонија, од кои најголемиот дел се од Скопје и Тетово.
Владата објави Акциски план за краткорочни мерки кои вклучуваат засилени контроли, забрани и замена на загадувачките енергенти. Во тек е набавка на стотина електрични автобуси за јавниот превоз, што треба да го намали загадувањето од сообраќајот. Дополнително, планирани се когенеративни централи за производство на енергија, кои ќе ја намалат зависноста од дрва и нафта за затоплување.