Пензионирањето е една од најчувствителните теми за вработените во Македонија, бидејќи директно влијае на квалитетот на животот во подоцнежните години.
На оваа тема, неодамна спроведовме анкета на нашата веб-страница поставувајќи го прашањето: „Што мислите за новиот предлог: Одење во пензија на 67 години?“ Понудените опции беа следните:
- За, дефинитивно
- Строго против
- Да биде по избор
- Немам мислење
Анкетата го отсликува ставот на јавноста за оваа значајна промена, која носи различни предизвици и можности за работниците и пензискиот систем во целина.
Во анкетата учествуваа 2.320 испитаници, а еве ги резултатите:
1. Најмал процент или 14% од испитаниците немаат мислење на оваа актуелна тема. Резултатите покажуваат дека дел од испитаниците немаат конкретен став за предлогот за пензионирање на 67 години. Ова укажува на потребата од поголема информираност и дискусија за импликациите на оваа промена.
2. Нешто повеќе или 15% од анкетираните испитаници сметаат дека предлогот за пензионирање на 67 години треба да биде опционален. Според нив, ова би овозможило поголема флексибилност и слобода за работниците да ја одредат својата пензија според личните околности и потреби.
„Од професија до професија има различна тежина“„Кој сака нека работи, не може работник во пример магацин кој крева товар и професор кој најмногу кренал пенкало да биде исто. Мојот предлог е секој може да отиде во пензија како што следува нели со целосна пензија на 64 години за мажи и 62 за жени, а кој сака да продолжи со работа да добие пример +3% на пресметката за пензија за секоја +година која во првите 5 години ќе ги плаќа правното лице во кое што работникот го продолжил работниот век ...“
„Сметам дека продолжувањето на работниот век до 67 години е добра идеја, особено за оние кои се чувствуваат здраво и способно да продолжат со работа. Ова не само што ќе им овозможи поголема пензија, туку и ќе придонесе за економскиот систем.“ – вели Ана, 42-годишна наставничка од Скопје.
4. Најголем дел - односно цели 54% или 1249 од испитаниците на прашањето: „Што мислите за новиот предлог: Одење во пензија на 67 години?“ одговориле дека се Строго против. Тие сметаат дека оваа промена ќе го зголеми притисокот врз работниците и ќе го намали времето за заслужен одмор по долгиот работен стаж.
„Предлогот за пензионирање на 67 години може да се оправда со ослободување на работни места за младите, но не треба да се занемарат искуствата и способностите на постарите работници. Балансот помеѓу овие две групи е клучен за здравиот развој на трудовиот пазар.“
„Кога ќе стигнат на ред младите да се вработат?“
„Да се одреди фиксна минимална пензија, а останатиот дел да биде согласно контрибуцијата во фондот.“
„Или ако го изгласаат, да ни дозволат да си ги земаме бруто платите, па ако сакаме да си инвестираме во пензија сами да си уплаќаме.“
„Дури и треба да се намали, 60 за жени 62 за мажи. Кој може да издржи до тие години да работи?“
„Ако е критериум само години строго против, ако има опција 67 години ИЛИ 40 години стаж (Влкучително и признавање на комплет бенифициран стаж кој е уплатен) можеби и би се согласил“
„Треба младите да работат. После 55 годишна возраст, снагата на човекот не е како на 30 или 40 год возраст“
Ваквите резултати ја нагласуваат потребата од поинклузивна дискусија за реформите во пензискиот систем, каде ќе се земат предвид потребите и предизвиците со кои се соочуваат работниците. Јавноста очекува решенија кои ќе ги балансираат економските реалности со човечките права на достоинствена пензија и време за заслужен одмор.