2-ри јануари и 2-ри мај да бидат неработни денови и воведување на 7-часовен работен ден – се барањата кои ќе бидат во иницијативата која УПОЗ ќе ја поднесе до Владата.
Со цел Македонија да се приклучи на европските трендови, УПОЗ бара во новиот Закон за работни односи кој е во фаза на изработка да се утврди седумчасовен работен ден, односно 35-часовна работна недела.
– Со седумчасовното работно време ќе се врши подобра распределба на трудот. Со намалување на работното време за 10,2 проценти од секој работник, теоретски ќе доведе до потреба од ангажирање на дополнителен број работници. Од социјален аспект нашето барање го аргументираме со тоа што ќе се зголемат можностите за грижа кон семејството и рекреација, изјави Пецо Грујовски, претседател на УПОЗ.
Од УПОЗ предлагаат 2-ри јануари повторно да биде прогласен за празник а традицијата на одбележување на меѓународниот ден на трудот, сметаат дека треба да продолжи и покрај 1-ви и 2-ри мај да биде прогласен за празник.
Останува прашањето дали македонската економија е подготвена за овој радикален чекор.