Министерството за транспорт и врски апелира до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за сообраќај во зимски услови, со посебен акцент на задолжителното поседување зимска опрема за возилата. Дополнително, возачите се предупредуваат внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ги следат препораките од сообраќајните служби.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови, со местимичен снег на коловозот. Во овој контекст, Министерството ги повикува граѓаните да ги следат временските прогнози и навремено да се информираат за условите на патиштата, особено оние кои планираат да патуваат.
