
Во Европа се наоѓаат дури 63 од 100-те најдобри туристички дестинации во светот, барем кога станува збор за градови и „сити-брејк“ дестинации.
Euromonitor објави извештај кој содржи листа на 100 најдобри урбани, односно „сити-брејк“ дестинации.
Тие анализираат и споредуваат повеќе параметри: туризам, одржливост и економски успех во метрополите ширум светот. Според нивното истражување, Париз е најдобрата урбана дестинација во светот.
Градовите се рангирани според шест клучни категории за да се добие вкупна оцена за атрактивност. Категориите вклучуваат економски и деловен успех, туристички перформанси, туристичка инфраструктура, туристичка политика и привлечност, здравје, безбедност и одржливост.
Кои европски градови се меѓу 10-те најдобри?
Европските градови сè уште доминираат во првите 10, со Париз на првото место, по што следат Мадрид и Рим на второто и четвртото место. Милано е на петтото место, Амстердам на седмото, а Барселона на десеттото место.
Иако на нивната листа доминираат европските градови, градови во Азија како Токио и Сингапур исто така покажаа значајна привлечност за туристите.
Токио е на високото трето место, додека Сингапур е на деветтото место.
Десетте најпосетувани градови во светот за 2024 според Euromonitor се:
- Париз
- Мадрид
- Токио
- Рим
- Милано
- Њујорк
- Амстердам
- Сиднеј
- Сингапур
- Барселона