Повредата што настанува на патот до работното место и оттаму до дома се третира како повреда при работа.
Многу мал дел од вработените во Македонија знаат дека повредата до работа и од работа до дома се смета за повреда при работа, и покрај тоа што е дел од нашата законска регулатива.
Како повреда на работно место се сметаат повредите што настануваат во периодот од излегувањето од дома до пристигнувањето на работа, или во времето во кое по најкусиот пат се стигнува до дома по завршувањето на работното време.
Тоа значи дека во случај на повреда, трошоците за медицинскиот третман паѓаат на товар на работодавецот.
Притоа, остварувањето на ова право не е поврзано со колективното осигурување што го имаат некои вработени.
Во случај на повреда при работа, од дома до работа или од работа до дома, работникот треба да пријави кај работодавецот за да си ги оствари правата што законски му следуваат.