Популарната социјална платформа ТикТок може да биде забранета американската територија на 19 јануари. Ова може да се случи поради американскиот федерален закон кој ја принудува платформата за споделување кратки видеа да отстапи од нејзината матична компанија со седиште во Кина, БајтДансе (ByteDance) или да се откаже од своите активности во САД.
Аналитичарите ја проценуваат вредноста на ТикТок со алгоритмот на 100-200 милијарди долари, а без него на 40-50 милијарди долари.
Досега неколку гиганти изразија интерес за купување на платформата, но од кинеската компанија во јавност постојано тврдеа дека не планираат продажба.
Потенцијалните купувачи на ТикТок вклучуваат бизнисмени како Френк Мекорт, Кевин О'Лири, Стивен Мнучин, па дури и јутјуберот Мистер Бист. Меѓутоа, продажбата е неизвесна бидејќи БајтДанс и кинеската влада не се наклонети да го продадат алгоритмот, кој значително ја зголемува вредноста на платформата.
Доналд Трамп, кој наскоро треба да ја преземе функцијата, побара одложување на забраната за да се пронајде решение. Врховниот суд наскоро ќе донесе одлука за иднината на ТикТок во САД.
Извор: slobodnaevropa.mk