Хрватска е на самиот врв во Европската Унија по растот на цените на недвижности. За една година, цените се зголемени за 12 проценти!
По Хрватска, раст на цените бележат и Холандија, Ирска и Португалија со пораст од 10 проценти.
Цените на недвижности се намалиле само во четири членки.
Во Германија, цените на недвижности се намалени за еден процент. Потоа следува Луксембург со два проценти, Финска со три, а на последно место е Франција, каде цените на недвижности се намалиле за четири проценти.
Извор: N1info.hr