Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските прорамери, професија која одамна е прва на листата најплатени во земјава.
Просечната плата за програмерите во ноември 2024 година изнесувала 1.570 евра или просечни 96 576 денари – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Втори на списокот топ пет најплатени професии се Научно истражување и развој, кои во ноември земале во просек 65 635 денари нето плата. Следуваат вработените во “Складирање и помошни дејности во превозот” со 61 915 денари, па вработените во “Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати” со 61 329 денари и последни од топ пет се вработените во “Воздухопловен транспорт” со 60 004 денари нето плата.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година изнесува 41 999 денари и е намалена во однос на претходниот месец.
Зголемувањет на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен има во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.3 %), Транспорт и складирање (12.7 %) и Преработувачка индустрија (11.2 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.0 %), Дејности во врска со недвижен имот (5.9 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2.6 %).
Извор: denar.mk