Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршувањето на педагошки факултет, работата на брод беше идеална можност да работам според образованието“ – вели во инетрвју за CRNOBELO.com Дивна Бегоска која 13 години работела на брод во одделот за анимација на млади и деца до 17 години. Како што вели, чувствува како да била „платена за да го пропатува светот“.
Дивна Бегоска (37) од Битола имам големо искуство во работа на брод. Во својата 13-годишна кариера како модерен морепловец има посетено над 150 земји.
Мотивацијата да почне живот на брод ја добила од нејзиниот авантуристички дух и желбата да го запознае светот, нови култури и различни дестинации.
Во интервју за CRNOBELO.com таа вели дека својата кариера ја започнала на позицијата Youth Staff, бидејќи има завршено педагошки факултет и тоа било во склоп на нејзиното образование.
По неколку години работа, таа била унапредена, прво во асистент, а потоа и во директор на клубот за млади на брод.
Во своето долгогодишно искуство неколкупати била на брод кој бил во близина на ураган, и иако не биле во опасност сепак го почувствувала немирното море и брановите.
Во интервјуто таа раскажува за сите предности и недостатоци од работењето на брод, а вели дека најголема придобивка е можноста да се обиколи светот без додатни трошоци.
Целото интервју може да го прочитате на: CRNOBELO.com