Пред да стане манекенка и прва дама на САД, жената на Доналд Трампа, Меланија Трамп, била Меланија Кнаус, Словенка, ќерка на продавач на автомобили и работничка во текстилна фабрика.
Меланија е втората прва дама на САД која е родена надвор од границите на земјата. Првата беше Луиза Катарина Адамс, сопруга на Џон Квинси Адамс, родена во Лондон. Џон Адамс бил претседател од 1825 до 1829 година.
Родниот град на Меланија, Севница во Словенија, стана туристичка дестинација од кога Доналд Трамп првпат беше избран за претседател на САД во ноември 2016. Луѓето доаѓаат да го видат местото каде што првата дама го поминала своето детство, а бројот на посети се зголеми за 30 проценти.
Меланија Кнаус пораснала во Севница во поранешна Југославија. Родена е во Ново Место, Словенија, во април 1970 година, а детството го поминала во Севница, мал град кој се наоѓа 45 километри оддалечен од Ново Место.
Севница се наоѓа покрај реката Сава во централна Словенија и има популација од околу 5.000 жители. Кога Меланија се родила, Словенија била дел од Југославија под власт на Јосип Броз Тито, а независноста ја стекнала во 1991 година.
Пред да стане позната, Севница била позната по фабрики за мебел и облека, како и по годишниот фестивал на салама. Ја нарекувале текстилниот центар на поранешна Југославија - поради фабриките и школата, која била расадник на кадри за европскиот југозапад. Градот денес е познат по Меланија и саламата - произведува повеќе од 150 видови салами, вклучувајќи и една која е именувана токму по првата дама.
Туризмот во Севница се удвоил една година пред Доналд Трамп да стане претседател, додека интересот за Меланија растел. Вкупниот број на странски посетители во Словенија се зголемил за 17 проценти во 2017 година во споредба со претходната, достигнувајќи 3,4 милиони посетители. Градот го искористил угледот на својата најпозната сограѓанка, нудејќи тури, сувенири и производи именувани по неа.
Извор: eupravozato.mondo.rs