Ќе стане ли недела работен ден за сите? Премиерот, на седницата за пратенички прашања, истакна дека Владата размислува за промени во законот за недела како неработен ден.
Според него, праксата на селективност од претходната влада треба да се замени со јасни правила: или никој да не работи во недела, или сите што постигнале договор со работодавците за двојна или тројна дневница да имаат право да работат.
На денешната собраниска седница за пратенички прашања, ова прашање околу тоа кој е ставот на Владата за недела неработен ден, беше поставено од страна на пратеникот од редовите на Новата Социјалдемократска партија, Горан Мисовски.
Дали ќе има измени на законското решение за недела неработен ден ќе се знае по следната седница на Економско-социјалниот совет на која ќе се разговара заедно со работодавачите и работниците, најави денес Мицкоски.