I. Министерството за финансии објавува оглас за вработување на 9 (девет) лица на определено време, за работа на проект, за период од пет години, на следните работни места и тоа:
1. Советник за следење на договорите во рамки на ОПРЧР, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси - ОПРЧР - (1 извршител)
Потребни квалификации:
стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен Општествени науки, бизнис, економија или право;
најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 3 години работно искуство во струката;
одлично познавање на англискиот јазик;
работа со компјутери;
поседување на возачка дозвола;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 25.023,00 денари.
2. Советник за финансиска имплементација на ОПРЧР, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси - ОПРЧР - (1 извршител)
Потребни квалификации:
стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен Општествени науки, бизнис, економија или право;
најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 3 години работно искуство во струката;
одлично познавање на англискиот јазик; работа со компјутери
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 25.023,00 денари.
3. Советник за контрола на квалитетот, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси - ОПРЧР - (1 извршител)
Потребни квалификации:
стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен Општествени науки, бизнис, економија или право;
најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 3 години работно искуство во струката;
одлично познавање на англискиот јазик; работа со компјутери;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 25.023,00 денари.
4. Соработник за финансиска имплементација на ОПРЧР, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси - ОПРЧР - (1 извршител)
Потребни квалификации:
стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен Општествени науки, бизнис или право;
најмалку 6 месеци практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 1 година работно искуство во струката;
одлично познавање на англискиот јазик;
работа со компјутери;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 22.500,00 денари.
5. Помлад соработник за ЕУ јавни набавки за склучување на договори во рамки на ОПРЧР, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси - ОПРЧР - (1 извршител)
Потребни квалификации:
стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен Општествени науки, бизнис или право;
без работно искуство во струката;
одлично познавање на англискиот јазик;
работа со компјутери;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 20.987,00 денари.
6. Воспитувач, Проектна единица за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст - Детска градинка - (1 извршител)
Потребни квалификации:
стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование УП/1 степен дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од
предучилишна возраст и дипломиран педагог за предучилишно воспитание, дипломиран педагог или со завршено соодветно вишо образование за воспитувачи;
најмалку 1 година работно искуство во струката;
важечка лиценца за воспитувач;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
основна нето плата 20.462,00 денари.
7. Дипломиран Педагог, Проектна единица за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст - Детска градинка - (1 извршител)
Потребни квалификации:
стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование УП/1 степен дипломиран педагог;
најмалку 1 година работно искуство во струката;
важечка лиценца за стручен работник;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време 4 часа од понеделник до петок, односно пола работно време - 20 часа неделно;
основна нето плата 10.231,00 денари.
8. Дипломиран Дефектолог, Проектна единица за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст-Детска градинка - (1 извршител)
Потребни квалификации:
стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование УП/1 степен дипломиран дефектолог;
најмалку 1 година работно искуство во струката;
важечка лиценца за стручен работник;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време 4 часа од понеделник до петок, односно пола работно време - 20 часа неделно;
основна нето плата 9.573,00 денари.
9. Виша медицинска сестра, Проектна единица за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст-Детска градинка - (1 извршител)
Потребни квалификации:
стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршено У1/1 степен стручно образование - медицинска сестра;
најмалку 1 година работно искуство во струката;
важечка лиценца за стручен соработник;
да е државјанин на Република Македонија;
дневно работно време 4 часа од понеделник до петок, односно пола работно време - 20 часа неделно;
основна нето плата 8.588,00 денари.