Во 2024 година, 33 проценти од корисниците на интернет во Европската унија изјавиле дека посетувале онлајн курс или користеле онлајн материјали за учење во период од три месеци. Ова е зголемување од три процентни поени (п.п.) во споредба со 2023 година (30 проценти).
Ирска забележа најголем удел на корисници на интернет вклучени во онлајн едукација (61 процент), а следуваат Холандија (59 проценти) и Финска (53 проценти), пренесува Европската статистичка канцеларија – Евростат.
Спротивно на тоа, онлајн образованието е помалку распространето во Романија (10 проценти), Кипар (11 проценти) и Бугарија (17 проценти).
Истовремено, 29 проценти од корисниците на интернет користеле онлајн материјали за учење, при што најголем удел имаат Холандија (53 проценти), Ирска (52 проценти) и Финска (46 проценти).
Извор: kurir.rs