Малта има најскапо, а Хрватска пак најевтино обработливо земјиште во Европската Унија(ЕУ).
Во Малта тоа чинело 283.039 евра по хектар. Се смета дека цените се високи поради ограничените површини со ниви и пасишта.
По Малта, следна е Холандија, каде просечна цена за хектар обработливо земјиште изнесувала 91.154 евра, а на третото место е Луксембург со 42.540 евра за хектар.
Најниските просечни цени на обработливото земјиште се регистрирани во Хрватска во висина од 4.491 евра за хектар, пред Летонија со 4.591 евро и Словачка со 5.189 евра за хектар. Според Евростат, просечната цена на хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2023 година изнесувала 11.791 евра, додека годишната наемнина за изнајмување на ниви или пасишта била 173 евра за хектар.
Извор: faktor.mk