41-годишната Сања Н. од Смедерево е сослушана заради сомневање дека им ставила отров во кафето на своите колеги. Како што пишуваат српските медиуми, после сослушувањето на Николиќ и е одреден притвор до 30 дена.
-Таа пред обвинитеолството ја изнела својата одбрана, но обвинителството ќе се базира на материјалните докази. Неоходно е да се сослушаат и оштетените, како и сведоците. Сите факти кои се досега собрани и се анализираат алудираат дека Сања е одговорна за труење на три лица во Советодавната служба за земјоделство во Колари во близина на Смедерево, велат извори на српските медиуми.
Според извори од истрагата, засега се сомнева дека Сања.Н. која е вработена како стручен соработник, донела пестициди на работа, ги ставила во кафето кое потоа го оставила во кујната. Еден колега и двајца клиенти делумно го испиле кафето.
-Се укажува на тоа дека осомничената не имала конкретна мета, туку сакала да им се одмазди на сите свои колеги. Наводно колегите ја озборувале заради нејзината љубовна афера со еден од вработените за која дознал и нејзиниот сопруг. Таа наводно не можела да ги поднесе негативните приказни кои ги слушала за себе, па затоа се одлучила на морбиден потег, а се сомневала и дека некој од колегите и кажал на сопругот за аферата, велат изворите од истрагата кои дополнуваат дека таа се сомничи за тешко убиство во обид, за кое може да лежи 10 години како минимална казна и 30 до 40 години како максимална казна.
Случајот на труење е откриен на 23 март кога во смедеревската болница се јавиле лицата со симптоми на труење.
Инаку отровот истрагата утврдиле дека осомничената го измешала отровот со кафето и на тој начин го донела во фирмата.