Maistra Hospitality Group, една од водечките хрватски туристички компании вработува и можете да го посетите нивниот штанд на Sezonac од 28 јануари до 6 февруари.
Посети го нивниот штанд и пронајди ја твојата следна работа!
Но, пред да ја истражиш нивната понуда на работни места, запознај ја компанијата преку кратко интервју.
Учествувате на Sezonac 2025 со штанд каде што кандидатите можат да дознаат повеќе информации за Maistra како работодавач. Кои работни позиции планирате да ги пополните преку онлајн саемот?
Maistra Hospitality Group секоја година вработува сè поголем број на лица, а бидејќи дел од нашите објекти работат во текот на целата година, нудиме целогодишно вработување со можност за понатамошен професионален развој.
Нашата мисија е да развиваме нови и уникатни содржини, да го персонализираме искуството на секој гостин и, што е најважно, да вложуваме во напредокот на нашите вработени. Сето ова со цел да станеме прв избор не само за гостите, туку и за нашите вработени.
Работните позиции кои оваа година ги огласуваме се од секторите: храна и пијалaци, рецепција, велнес, хортикултура
Кои клучни вештини и квалификации ги барате од кандидатите?
И оваа година бараме тимски играчи подготвени за работа во професионално, поттикнувачко и динамично опкружување.
Кандидатите треба да бидат:
- ориентирани кон постигнување најдобри резултати
- љубезни и гостопримливи
- креативни и проактивни
- отворени и желни за учење
Нашите вработени уживаат бројни бенефиции:
- Обезбедени топли оброци
- Обезбедено сместување за оние кои живеат надвор од локацијата на работа
- Покриени патни трошоци за доаѓање и заминување од работа
- Надоместок за годишен одмор
- Божиќница
- Подарок за дете
- Јубилејни награди
- Можност за целогодишно вработување
- Попусти на храна и пијалaци во Maistra објектите
- Попусти кај партнерски компании
Какви можности за развој и обуки нудите на вработените?
Maistra Hospitality Group долги години вложува во стручно усовршување на своите вработени.
Преку организирани обуки и соработка со врвни предавачи, овозможуваме континуиран напредок во квалитетот на услугата.
Програми за развој и обука:
- Курсеви за сомелиери
- Обуки за бармени и баристи
- Good Food Academy
- F&B Bootcamp
- F&B Management
- F&B Service monitoring & coaching
- Програми за развој на аниматорски вештини
Погледнете ги огласите кои ги нудат во моментов:
Barmen (m/ž)
линк за повеќе детали и аплицирање
Slastičar (m/ž)
линк за повеќе детали и аплицирање
Konobar (m/ž)
линк за повеќе детали и аплицирање
Pizza majstor (m/ž)
линк за повеќе детали и аплицирање
Kuhar (m/ž)
линк за повеќе детали и аплицирање
Sobar / sobarica
линк за повеќе детали и аплицирање